
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Новален-Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што информираат од полицијата на 22-ри октомври околу 4:50 часот на ул. „Титовелешка“, во Скопје, во хотел, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х.(39) од Рига-Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телотo, како и убодна рана во пределот на левата страна на вратот.
-При тоа во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „НИКОБ“ на повик од вработените во хотелот, кој откако се обидел да го оттргне пријавениот, од Н.Х., бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка.
На пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.