
Времето утрово е свежо, додека во текот на денот претежно ќе биде сончево и потопло, со слаб северен ветер.
Утринската температура се движи од 0 до 8, а дневната од 15 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 4 наутро до 19 степени во текот на денот.
Во петок ќе биде суво и уште потопло преку денот.
Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.