
Во средаа околу 07:15 часот на регионалниот пат Тетово – село Волковија над каналот за наводнување кај тетовското село Милетино се случила сообраќајна незгода.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „сузуки свифт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Т.Ц.(58) од с.Волковија и патничко возило „фолксваген голф“, исто така, со тетовски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(24) од с.Теново-Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ц., кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар -Тетово, од каде по укажаната лекарска помош како итен случај е пренесен во Ургентен Центар-Скопје.
М.Ј. се здобил со телесни повреди и истиот по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.