Обезбедување на услови за непречено и квалитетно одвивање на воспитно образовниот процес во основните училишта е еден од врвните приоритети на нашиот четири годишен мандат, истакнаа членовите од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
„Во таа насока како најголем приоритет е изградба на основното училиште ’Крсте Мисирков’ во населба Ченто. Заложбата на градоначалникот Тони Трајковски и членовите на Советот заедно со претходната Влада ова училиште да се гради оваа година не се остварија, бидејќи новата Влада од Буџетот ги избриша средствата за новото училиште. Исто така ова училиште не е ставено ниту во програмата на кандидатот од редовите на СДСМ Борче Георгиевски што значи тие во наредните четири години не планираат да градат ново училиште. Ние како членови на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со градоначалникот Трајковски ќе бидеме упорни овој проект да се стави следната година во буџетот на Владата и доколку не успееме општината ќе најде начин исто така да го изгради бидејќи имаме зад себе реализирано ваков проект со сопствени средства“, рече од името на Советничката група, Андреа Најденовски.
Потенцирае дека нивната заложба е сите деца да имаат квалитетни услови за воспитно образовниот процес и во наредните четири години.