САД објавија список од 39 компании со кои е забрането да се тргува заканувајќи се со санкции

© Depositphotos / teamtime

САД во петокот објавија список со 39 руски компании од воено-индустрискиот сектор со коишто во иднина ќе биде забрането да се тргува според новиот американски закон, а коишто експертите стануваат сериозни конкуренти на пазарот на оружје и воена опрема на американските производители.

Меѓу овие компании кои се снабдувачи на руската армија и на разузнавачките служби, се и големите извозници како „Рособоронескпорт“ кој покрај со ворена опрема и оружје, тргува и со воени возила, како и познатиот производител на огнено оружје концернот „Калашников“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Интересна е формулацијата во споменатиот закон, според којашто на сите компании коишто ќе остварат „поголем“ промет со руските производители, им се закануваат американски санкции, според коишто во јули го прифати американскиот Конгрес и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп.

„Конгресот и администрацијата сакаат со примената на членот 231 од законот да одговорат на штетното однесување на Русија во врска со украинската криза, информатичките напади и кршењето на човековите права. Тој член се однесува на поголеми зделки со лица од секторот на руската одбрана и разузнавачите служби, што би можело да опфати продажба на технолошки напредно руско оружје во светот“, изјавил за AFP вообичаено за вакви прилики неименуван американски функционер.

Стејт департметот оваа листа му ја поднел на Конгресот во четвртокот, 25 дена по рокот предвиден со законот, а санкциите треба да стапат на сила кон крајот на јануари.

Во списокот се вброени и руските покрај разузнавачките агенции како ФСБ, СВР и Гру , уште 33 компании, меѓу кои покрај споменатите, и „Ижмаш“, Ростех“, МИГ“, Сухој“, „Туполев“, Уралвагонзавод“, „Веролети Русиии“.

Одговарајќи на прашањето дали американските сојузници, како што се Индија и Турција, ќе можат да купат вооружување од руските компании од списокот, претставникот на Стејт департментот рекол дека санкциите ќе се применуваат “само во случај на значителни трансакции“.

„Јасно е дека ние ќе ја проучуваме неизбежноста од последиците при носењето одлука во секој конкретен случај“, рекол американскиот дипломат.

Истакнал, исто така, дека исклучоци може да бидат направени во однос на сојузниците, чиишто одбранбени способности се од интерес на САД. Притоа Стејт департментот тврди дека санкциите нема да бидат средство за конкуренција со Русија на пазарот на оружје.

Американскиот функционер вели дека САД за санкциите ги запознале сојузниците и партнерите во Европа и пошироко. „Ја посетивме Европа, Брисел, зборувавме со сите земји од ЕУ“, додал.

Според „упатството за применување на санкциите“ издадено од Стејт департментот, кој крајот на јануари 2018 година, америкаснката администрација ќе има можноста да променува екстериторијални американски санкции во однос ан правни и физички лица, вклучително и од трети земји, коишто ќе соработуваат со организациите од листата за сакнцкии.

Заменикот на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, за агенцијата РИА изјавил дека станува збор за можност за применување санкции против граѓани компании од трети земји, коишто можаа врз законски основи да соработуваат со руските компании. Рускиот диплоамт истакнува дека овие закони се нелегални, нелегитимни и екстериторијални, во спротивност со меѓународното прави.