Барзани: До Курдите никој не застана, парламентот ја потврди оставката

Парламентот на автономната покраина ирачки Курдистан ја потврди во неделата одлуката на претседателот Масуд Барзани да отстапи со должноста, а тој во огорчениот говор изјави дека крај Курдите и нивното тежнеење за самоопределување не застанал никој освен нивните планини.

Претседателот на автономијата на ирачки Курдистан, преку телевизијата ѝ се обрати на јавноста откако пратениците со 70 од вкупно 111 гласови ја потврдија неговата оставка којашто одлучи да ја поднесе по референдумот за самоопределување на 25-ти септември на кој централната влада во Багдад одговори со воени и економски мерки против ирачки Курдистан.

„Три милиони гласови за независноста на Курдистан создадоа историја и таа не може да се избрише“, изјави Барзани.

Пратениците гласале на седницата свикана за да се дебатира за писмото на Барзани во кое објави дека „ни под еден услов“ не сака да се продолжување на претседателскиот мандат по 1-ви ноември, за кога беа распишани изборите, но кои се одложени за осум месеци.

„Никоја покрај нас не застана освен нашите планини“, рече Барзани кои на чело на ирачки Курдистан беше од 2005 година.

Ги критикуваше САД бидејќи дозволиле тенковите испорачани на ирачките сили за да се борат против џихадистите од Исламската држава, да бидат употребени против Курдите. Американското оружје беше користено во нападите на паравојската којашто ја има поддршката на Иран, тврдеше курдскиот челник.

„Се обидовме да го запреме крвопролевање; ирачките сили продолжија да напредуваат користејќи го американското оружје“, рече Барзани.

Потсети на големиот придонес на ирачките сили „пешмерга“, курдските борци во војната против Исламската држава. „Без помошта на пешмергите ирачките сили не би можеа самите да го ослободат Мосул од Исламската држава“, рече Барзани и запраша поради што Вашингтон сакал да го казни Курдистан?.

Ги обвини следбениците на неговиот противник Џалал Талабани, дека сториле „големо предавство“, кога пред две седмици го предале нафтоносниот град Киркук на ирачките сили, и тоа без борба.

Ирачката офанзива започната на 16-ти октомври и одбивањето на ирачката влада да води дијалог со Курдите го потврдија неговото видување „дека Ирак не веруваа во правата на Курдите“. Владата во Багдад го користела референдумот како изговор за напад врз Курдистан, смета Барзани. Притоа додаде дека „ни под еден услов“ нема да се согласи на продолжување на претседателскиот мандат.

Критичарите оценуваат дека историскиот курдски водач, кој четири децении се бореше за правото на угнетуваните Курди на самоопределување, сторил најголема грешка кога го организираше референдумот за независност на кој остро одговори ирачката војска, а закани стасаа и од регионот, соседните Турција и Иран, кои стравуваат дека тамошните курдски малцинства би можеле да го следат патот на ирачките Курди.

Ви писмото до парламентот, Барзани порача дека ќе „продолжи да му служи на Курдистан како пешмерга“. Ги повика пратениците да донесе мерки со коишто ќе се пополни вакуумот во власта, сугерирајќи претседателските овластувања да се поделат на владата, парламентот и судството.

Ирачки Курдистан уживаше голема автономија со години. Аналитичарите сметаат дека е можно оставката на Барзани да помогне во помирувањето меѓу Курдистанската регионална влада (KRG) и ирачката централна влада во Багдад.

Барзани го водеше KRG откако таа влада беше формирана во 2005 година. Неговиот втор мандат истече во 2013 година, но беше продолжуван без избор во време кога џихадистичката Исламска држава освои големи делови од териториите во Ирак и во Сирија.