Виз Ер со нова бесплатна услга за сите патници!

Виз Ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа ја претстави новата полиса за рачен багаж која ќе им овозможи на сите патници да патуваат со еден голем рачен багаж бесплатно.
Патниците автоматски ќе имаат право да донесат едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23цм и максимум тежина од 10кг кои што се вклучени во цената на картата. Патниците исто така ќе можат да внесат производи купени од фришоп на аеродромот по безбедносните проверки.
За патниците кои бараат дополнителен рачен багаж, услугата Wizz priority им овозможува на патниците да внесат дополнителна торба во авионот која ќе ја сместат под седиштето со максимални димензии 40х30х18см, и гарантира дека нивниот бесплатен рачен багаж ќе биде сместен во кабината.
Услугата исто така гарантира дека својот рачен багаж (55x40x23cm) ќе им биде сместен во областа на кабината. Wizz priority, исто така им овозможува на патниците да го прескокнат редот на чекање и да бидат меѓу првите кои ќе се качат во авионот (Wizz priority услугата е достапна и за патниците ќе ја одберат Wizz Go, Wizz Plus и Wizz Privilege Pass).