
Дваесет и седумгодишен маж е уапсен во вторникот во Јапонија откако во ладилникот во неговиот стан се откриени делови од телата на најмалку девет лица, пренесуваат тамошните медиуми.
Полицијата пронашла останки од распарчени човечки тела во неговата соба во градот Зами, 40 километри југозападно од јапонската престолнина Токио во понеделникот доцна попладнето по локално време, додека го претресувале неговиот дом под сомневање дека мажот е вмешан во исчезнување на млада жена, објави телевизијата NHK повикувајќи се на извори во локалната полиција.
Подоцна се откриени делови од девет тела во ладилникот во неговата соба и полицијата се сомнава дека меѓу нив е и телото на исезнатат 23-годишна девојка од Хачиоџи од пошироката токиска област.
Утврдено е дека таа и мажот разменувале пораки преку Twitter oткако таа изразила самоубиствени мисли на социјалната мрежа. „Барам некој кој ќе се убие заедно со мене“, пренесува една од пораките агенцијата Kyodo цитирајќи полициски извори.
Снимки од камерите за надѕор од 23-ти октомври ја покажуваат жената која исчезнала пред една седмица и мажот како чекорат заедно еден крај друг недалеку од станцата Хачиоџи и во близина на неговиот дом, се наведува во прилогот на NHK.
https://www.youtube.com/watch?v=EC8uOipRveM