Почина затвореник од Идризово

Шеесет годишниот П.Ј. од Скопје, затвореник од КПУ „Идризово“ починал минатата ноќ на Арестанското одделение во скопскиот Клинички центар.

Од МВР соопштуваат дека затвореник боледувал од рак на грлото.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.