ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Тевдовски ги задолжија граѓаните за 431 милион евра

Додека СДС прави монтирани спектакли и упади со партиската полиција на Спасовски, гледаме како СЈО секој ден делува надвор од своите законски овластувања, Заев брка наводни криминалци те во својата влада, те надвор од неа и не кажува ништо за спрегата со обвинителството и од каде му се таквите информации, во реалноста се случува грабеж на македонската економија, се  спроведуваат најкриминалните избори, фабрики како „Фени“ се згаснуваат, „Еврокомпозит“ и „Колска“ се далеку од решение, секој ден се повеќе и повеќе се случува задолжување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствената работа што ја прави владата на СДС и Зоран Заев е задолжување на граѓаните на Република Македонија. СДС, Заев и Тевдовски ги задолжија граѓани за нови 71 милион евра. Со што сумата се искачи за неверојатни 431 милион евра. Дополнително на ова Заев и Тевдовски од државните резерви стопија 180 милиони евра. На алчноста и нема крај. Неодговорната и неграѓанска влада на СДС ја задолжи Република Македонија за вртоглава сума од 611 милиони евра. СДС и Заев со години лажно глумеа дека државата е задолжена, а во предизборниот период ветуваа дека нема да ги задолжува граѓаните. Но, очигледно е дека Заев ги излажа граѓаните на Република Македонија. СДС, Зоран Заев и Драган Тевдовски ја киднапираа државата. Заев ги задолжува секој ден граѓаните на Република Македонија, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија, а притоа нема најава за ниту една капитална инвестиција од која граѓаните би имале најголема придобивка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ги троши овие пари.

-Недозволиво е Зоран Заев и Драган Тевдовски да ги задолжуваат граѓаните, за да трошат пари на непродуктивни работи. Личните луксузи, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на шарените револуционери не смее да биде на трошок на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека за сите финансиски злоупотреби и злодела со неоснованото задолжување од страна на СДС, Заев и Тевдовски ќе има одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.