Тодоров: Народот знае да направи разлика, не верува на празни зборови

Оваа енергија, оваа сила, овој народ- тоа е мојот мотив. Македонскиот народ е трпелив, но и претпазлив, народ кој издржа многу, кој на своите плеќи ја поднесе тежината на катастрофалната приватизација.

Ова на големиот митинг вечерва во Скопје го истакна Никола Тодоров, носител во Третата изборна единица.

„Го гледам македонскиот народ кој е мудар и достоиствен. Во секој град и во секое село гледам луѓе кои знаат да препознаат, да одат на проверено. Луѓе кои не веруваат на празни зборови, луѓе кои знаат дека реформа не значи бркање од работа, туку подобар живот. Народ кој знае да препознае дека реформите значат субвенции за земјоделците. Народот знае да направи разлика помеѓу затворена и отворена фабрика,“ рече Тодоров.

Тој нагласи дека народот гледа дека во Македонија се отвораат фабрики, се отвораат нови 64.000 работни места. Народот знае да направи разлика помеѓу лажна искреност и чесна вистина.