
Во новиот проект на режисерот Пол Томас Андерсон, „Phantom Thread”, глумецот Даниел Деј Луис ќе ја има својата последна улога во филм.
Во филмот, тој го глуми Рејнолдс Вудкок, славниот кројач од 50-те гоидни на минатиот век, кој „ги облекувал“ кралските семејства и џет-сетот. Жените доаѓаат и си заминуваат, се додека тој не ја сретне младата, но решителна Алма, која ќе заземе трајно место во неговиот живот.
Деј Луис, кој во својата кариера освои три „Оскари“ за најдобра главна машка улога, во јуни и соопшти на јавноста дека се повлекува од глумата, без натамошно образложение.