Заедничка седница на владите на Заев и Борисов во Струмица

Владите на Република Бугарија и Република Македонија ќе одржат заедничка седница на 23 ноември во Струмица.

На седницата ќе се разгледуваат теми од заеднички интерес и во фокусот на разговорите ќе бидe напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји, објави владината прес-служба на Бугарија.

Средбата на двете Влади ќе заврши со положување цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Договорот за добрососедство и соработка беше потпишан за време на официјалната посета на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во Скопје, на почетокот на август.

Македонската опозиција ја критикуваше владата на Заев поради отсуството на транспарентност и поради тоа што е целосно во полза на бугарската страна, а македонските медиуми, научни списанија и образовни институции го прави подложни на цензура од заедничката комисија