Општина Гостивар: Ниту еден административец не е избркан од работа

Во врска со шпекулациите кои се појавија во јавноста, наводно дека градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари избркал од работа општински службеници, ја информираме јавноста дека тоа се чиста лаги кои доаѓаат од оние кои не му сакаат добро на Гостивар, соопштија во четвртокот локалните власти.

Инаку, претходно во четвртокот, новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, и 31 нови општински советници, добија сертификати од Општинската изборна комисија.

Во оваа прилика, градоначалникот Таравари им се обрати на присутните граѓани кои собраа пред општинската зграда и им се заблагодари за нивната поддршка, истакнувајќи дека од денес Општина Гостивар „не е повеќе ничија сопственост, туку на сите граѓани“.

„Ви благодарам за вашата поддршка. Ве уверувам дека од денеска, вратите на општината ќе бидат отворени за сите граѓани. Општината повеќе нема да биде ничија лична сопственост. Општината ќе биде на сите граѓани на Гостивар, без оглед на нивните убедувања, односно политичка, етничка или религиозна припадност”, рече меѓу другото градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот денес ги посети просториите од општината, се сретна со вработените и ги информирашедека ќе се има прераспределба во канцеларите, со единствена цел во иста канцеларија да работат колеги коивршат задачи од иста област.