Арачиновец уапсен во инцидентот пред Врховен суд, дали околу појасот носел експлозив?

Познат е идентитетот на мажот успен во четвртокот пред Веховниот суд во текот на на изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот „Диво насеље“ во соседниот Кривичен суд, но засега не е познато дали предметите забележани околу неговиот појас биле имровизирана експлозивна направа.

Неколку полицајци интервенираа во кога маж се приближи кон нив носејќи ранец при што им се обрати. Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го приведоа во полициска станица.

Од полицијата за Курир информираат дека во 13,30 часот во близина на Врховниот суд е приведен 57-годишниот И.И. од скопско Арачиново кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозивна направа.

Од МВР додаваат дека лицето е во полициска станица и со него се разговара, ко и дека рачките ќе бидат предадени на вештачење за да се утврди за што точно се работи.