Петнаесетгодишно момче пред два дена околу 19 часот било нападнто од три непознати лица на автобуска станица на булеварот „Александар Македонски“.
Од полицијата информираат дека случајот во полиција вчера го приајвил неговиот татко, Т.Т. (47) од скопско Јурумлери.
Непознатите лица го удриле неколку пати со тупаници и клоци во пределот на главата и телото и му нанеле видливи повреди.
Полицијата работи на расчистување на случајот.