Пронајден мртов маж на Рузвелтова

Безживотно тело на маж утрово е пронајдено на улицата Френклин Рузвелт во Скопје.

Полицијата соопшти дека телото на починатиот М.Ј.(36) од Скопје, кое е пронајдено во 1 часот и 35 минути на тревнатата површина покрај улицата, има повреди најверојатно здобиени со пад од висина.

По наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.