![Zaev-Haradinaj-640x320](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/Zaev-Haradinaj-640x320.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, од Косово ќе ги спасува терористите кои во Диво насеље убија осум припадници на македонските безбедносни сили пишува Курир.
Газета Експрес објавува дека Заев во месец декември има закажано официјална посета на Косово.
-Премиерот Зоран Заев се очекува да го посети Косово во декември. Неговото доаѓање го потврди премиерот Рамуш Харадинај. Toj не ја отфрла можноста да разговара со шефот на македонската влада за пресудите на „Кумановската група”. Шефот на Владата на Косово, Рамуш Харадинај, потврди дека неговиот македонски колега, Зоран Заев, ќе дојде во Приштина на 11 декември. Тој рече дека посетата на Заев е договорена да се случи во почетокот на декември, пишува Газета Експрес.
Оваа изјава косовскиот премиер ја даде по средбата со членовите на семествата на “Кумановската група”, кои се осудени за терористички акции во Македонија во Диво Насеље.
„Клан косова“ објавува дека Харадинај им даде надеж на роднините на членовите од кумановската група.
-Рамуш Харадинај им рече на роднините на осудените лица во Македонија дека одлуката може да се промени во иднина. На средбата со демонстрантите пред зградата на Владата, тој им дал надеж дека ова може да се случи, додавајќи дека нив ги осудил човекот, а не Господ. Зборовите на Харадинај ги поздравија членовите на семејствата, а тој ги замоли да пратат претставник во неговата канцеларија за да разговараат за ова прашање, пренесува „Клан косова“.
Сопартиецот на Зоран Заев, Мухамед Зекири најави меѓународна истрага со која вистината ќе излегла на виделина. Тој потенцира дека ветувањата кои ги даваа ќе се реализираат.
-Читам многу коментари по судската одлука за случајот Куманово, каде некои луѓе го обвинуваат СДСМ и сегашната влада за изречената казна. Искрено изненаден сум. Актуелната одлука на судот само ја истакна потребата која почна со разрешувањето на јавниот обвинител, чие ново именување ќе се одржи наскоро. Судовите и судиите се се’ уште истите од претходниот режим на Јанкуловска и Мијалков. Она што го ветивме, ќе го реализираме. За овој случај ќе има меѓународна истрага и вистината ќе излезе на виделина. БЕЗ ПРАВДА НЕМА МИР !!! “, напиша Зекири на Фејсбук.
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека решенијата треба да се бараат првенствено во внатрешниот правосуден систем во Македонија. Тој вели дека Македонија е независна земја и дека нема потреба некој од надвор да суди.
– Јас, како набљудувач, можам да ви кажам дека ги следиме сите аспекти од тоа прашање. Од она што го читаме од медиумите дека се бара своевидна ревизија на судската одлука, мислам дека тоа е можност која е отворена. Но, пред да бараме да се решаваат прашања во меѓународни рамки, треба да се обидеме да ги решиме во постојниот правосуден систем, рече Тимоние.