Убиецот на Јанушев бил затвореник пуштен на слободен викенд?!

биецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, објави „Макфакс“ повикувајќи се на извори во истрагата.

Се работи за 25 годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.

Дваесет и осум годишниот Мартин  беше застрелан вчера пред влезот на неговата зграда во скопската наслеба Аеродром.