Наставик од Скопје му удрил шамар на ученик

Во скопското основното училиште „26-ти Јули“ , наставник З.К. (50) од Скопје, физички нападнал 12 годишен ученик.

Случајот во полиција го пријвил  таткото на детето.

Според пријавата, наставникот го удрил детето во пределот на лицето, со што му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.