
На денешната прес-конференција, Конфедерацијата на слободните синдикати (КСС) и СОНК реагираат на најавеното селективно покачување на платите во јавниот сектор.
Дополнително тие бараат усогласување на платите во јавниот сектор со процентот на покачување на минималната плата. Тие бараат покачување на платите за сите вработени во јавниот сектор, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост.
– Итно бараме усогласување на платите во јавниот сектор соодветно на процентот создаден на висината на минималната плата, што секако е и законска обрвска согласно членот 246 од Законот за работни односи, велат на прес-конференцијата од синдикатот.
Синдикалците бараат отпочнување на преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост за проценти утврдени преку конструктивните преговори со репрезентативните и релевантните синдикални партнери.
-Сакам да апелирам до надлежните многу посериозно да ги сфатат проблемите кои што ги имаме во дејност на култура и во дејност на високо образование и наука, за таа цел бараме да се преиспита предлог буџетот за 2018-та година, истакнаа на пресконференцијата.