Полицијата откри големo количество оружје и муниција, дали му припаѓа на УЧК?!

Големо количество оружје е откриено во селото Врбовц – Дренас, известува Клан Косово. Според овој медиум, прашање е кој го донел ова оружје, бидејќи тоа не било таму претходно. Оружјето е со различен калибар, почнувајќи од автоматски пушки, митралези, гранати, па се до минофрлачи, објави Алмакос.

На локацијата каде што беше пронајдено оружје се појави косовската полиција, но исто така и претставници на меѓународните мисии во Косово.

Оружјето е откриено во време кога се појавија тензиите по осудата на Кумановската група и во моментот кога УЧК почна да се појавува со нови известувања и ултиматуми.