Нацев: Убиецот на Мартин Јанушев пет дена се шета на слобода, СДСМ и Спасовски ништо не преземаат

Младо момче беше брутално ликвидирано пред кафуле, на улица пред очевидци и минувачи, а никој не понесува одговорност. Убиецот се шета на слобода, исто како и тие што му помагаат овие пет дена да се засолни и да бара алиби. Полицијата на СДС и Спасовски 5 дена оставаат убиецот да се крие и не преземаат ништо во врска со ликвидацијата на младиот Мартин Јанушев, кој беше свирепо застрелан со неколку куршуми во главата во центарот на Скопје во петокот попладнето, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

-Зошто не е распишана потерница по убиецот, ако знаеме дека при убиството во околината имало неколку очевидци, но и објекти кои се под видео надзор? Точно ли е дека убиецот и неговите соработници се блиски на актуелната власт? Кој им помогна да се засолнат и сокријат од правдата? Кој им овозможи да ја преминат границата, кога и на кој граничен премин? Заев, Спасовски и криминалната врхушка од врвот на СДС должат многу одговори. Целиот град и јавноста шпекулираат со имиња кои се споменуваат како извршители на убиството. Сите до еден се поврзуваат со криминални структури блиски до СДС, рече Нацев.

 

„Тие криминални структури со кој власта е во цврст пакт, ликвидираа младо момче и сега некој се обидува овој скандал да се потисне и правно и медиумски. Се враќаат ли на овој начин долговите кон криминалните структури? МВР треба да одговори и дали се вистинити гласините кое се шират во јавноста дека бегството на убиецот е помогнато од страна на советник во кабинетот на Зоран Заев. Оливер Спасовски држеше десетици банални прес конференции за мачки што гребеле автомобили или за екстрадициски постапки кои не се во ингеренции на МВР, а сега се крие и бега од одговорност за ваква брутална егзекуција“, додаде преттавникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е резулатот, рече Нацев, од само шест месечното владеење на СДС.

-Убиства, напади и несигурност на граѓаните. Граѓаните се исплашени и живеат со страв. Криминалот на улиците е директна последица на разместување на професионалците во МВР  на пониски нивоа и поставувањето на партиски послушници на нивните места, тоа ја врати мафијата да хара по улиците како во 90-те. МВР станува соучесник не откривајќи го убиецот на младиот Јанушев. Оливер Спасовски најмалку што им должи на семејството на убиеното момче и на граѓаните за нарушениот мир и безбедност, е да си поднесе оставка од функцијата.