Сугарески најави експресен пат Штип – Радовиш, ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодари за реализација на нивниот проект

Добро е што Владата на СДС го реализира проектот на ВМРО-ДПМНЕ за градба на експресниот пат Штип-Радовиш. Од владата на ВМРО-ДПМНЕ и со силно залагање на поранешните министри за транспорт и врски беше изработен проект, беше направено проектирање, и беа обезбедени средства за градба по што се пристапи кон распишување на тендер и евалуација на понудите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно во средата министерот за транспорт Горан Сугаревски на прес-конференција најави градење на спомената делница.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша и договор за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани, а се финализираше и експресниот пат од Велес до Штип. Во финална подготвителна фаза беа оставени на владата на СДС и изградбите на експресните патишта Ранковце до Крива Паланка и експресниот пат од Охрид до Пештани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу другото потсетуваат и дека автопатот Демир Капија-Смоквица кој е целосно изграден од Владата на ВМРО-ДПМНЕ се уште владата на СДСМ не го става во употреба, поради како што тврдат, банални и несуштински причини, а речиси стопирана е градбата на автопатот Кичево-Охрид како и експресниот пат Прилеп-Градско, исклучиво поради неспособност да се менаџира на дневна основа реализацијата на вакви крупни проекти.

„Ја потсетуваме владата на СДС дека сеуште граѓаните го очекуваат барем првиот километар автопат кој ќе го изградат од вкупно 500-те километри нов автопат кои ги ветија пред изборите дека ќе ги реализираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот за експресниот пат од Штоп до Радовиш веќе е потпишан, а изградбата треба да заврши за три години и оваа делница треаб да биде своевидно продолжување на автопатот од Миладиновци до Штип, а е долга 23,5 километри, изјави претходно во средата министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие „Државни Ппатишта“, Зоран Китанов.

Како што рече Сугарески, планирано е да се гради на комплетна нова траса и тоа од местото Софилари пред Штип до Бучим. Договорот предвидува и одржување на комплетната делница во рок од пет години.

„Инвестицијата за изградба на овој експресен пат изнесува 28 милиони евра, а средствата се веќе обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој. Очекуваме изградбата на експресниот пат да започне за еден месец и да трае 3 години, односно тој да биде завршен крајот на 2020 или почетокот на 2021 година. Изградбата на овој патен правец е од огромно значење за жителите од регионот. Земајќи во предвид дека сообрајќајот на стариот регионален правец се одвива во отежнати услови од аспект на безбедноста, се јави поребата за изградба на нов пат“, рече Сугарески.

Китанов, пак, рече ека според проектната документација, патот ќе има две ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување со широчина од 2 метри. Исто така предвидено е и поставување на заштитна ограда и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација на ниво на експресен пат. Максималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час. Предвидено е на патот да бидат изградени 11 мостови, 22 пропусти, 3 натпатници и 2 потпатници.

Инаку Сугарески соопшти и дека е потпишан договор за изградба на втората фаза од патниот правец Градско–Прилеп (делница Градско–Дреново), а изградбата треба да почне до крај на оваа година.