
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со рускиот колега по дожност Владимир Путин во Воетнам, објави во петокот Белата куќа, а од Кремљ соопштија дека протоколарнтие служби продолжуваат да го разгледуваат можностите за средба на двајцата лидери.
Двајцата челници чиишто конктати се следат од целата светска јавност со големо внимание особено поради американската истрага за наводното руско мешање во ланските претседателски избори во САД, првпат разговараа првпат во јули во Германија. На маргините од самитот на Г20 во Хамбург Доналд Трамп и Владимир Путин разговараа два и пол часа, многу подолго од предвиденото, што исто така, го привлече вниманието на јавноста, но многу малку детали од тој разговор беа објавени.
„Никаква средба не беше потврдена и таа нема да се оствари поради проблеми со термините од двете страни“, изјави Сара Сандерс, портпаролката на Белата куќа.
Истакна, меѓутоа, дека е можно двајцата челници да се сретнат во рамките на самитот Азија-Пацифик (APEC) на кој ќе учествуваат и двајцата.
„Ќе бидат на исто место. Дали ќе се сретнат во некој момент и ќе се поздрават? Сосема е можно, па дури и веројатно“, рекла Сандерс за новинарите кои го придружуваат американскиот претседател во авионот „Air Force One“.
„Од нашите американски колеги доаѓаат контроверзни информации“, изјави за новинарите по веста од Белата куча, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и истовремено истакнал дека „на еден или друг начин средбата ќе се одржи“
Самитот на APEC се одржува во виетнамски Дананг на 10-ти и 11-ти ноември, каде што веќе е притигнат рукиот претседател Путин. Неговите советници веќе објавија дека на распоредот има бројни билатерални средби, вклучително и со јапонскиот премиер, како и со претседателите на Кина, Виетнам и Филипини.