
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави во петок кинескиот колега по должнот Кси Џинпинг „моќниот претставник на кинескиот народ“, на крајот од својата прва посета на Кина откако на почетокот од годината ја презема должноста во Белата куќа, земја којашто остро ја критикуваше во својата изборна кампања.
„Моите разговори со претседателот Кси Џинпинг беа многу продуктивни кога станува збор за трговијата и Северна Кореја“, напиша на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп пред да замине во Виетнам, четвртата станица на неговата дванаесетдневна турнеа по Азија откако претходно ги посети Јапонија и Јужна Кореја.
Кинескиот претседател е „моќен и почитуван претставник на својот народ“, продолжува Трамп кој веќе во неколку наврати срдечно му го честиташе на Кси повторниот избор во октомври на чело на Комунистичката партија на Кина.
Трам во текот на својата изборна кампања минатата годна жестоко ја обвинуваше кинеската конкуренција дека „украла“ милиони работни места во САД. Меѓутоа, во Пекинг рече дека не ѝ забележува на Кина за огромниот американски дефицит во меѓусебната трговија, откако САД со оваа земја потпишаа трговски договори во вредност од над 250 милијарди долари во текот на посетата на Трамп.
Американскиот претедател, исто така, му се заблагодари на својот домаќин на учеството на Кина во меѓународните санкции против Северна Кореја. Но во текот на посетата на Доналд Трамп, Кси Џинпинг не најави ниедна конкретна нова мерка за да го принуди Пјонгјанг да се откаже од своите нуклеарни и балистички програми.