Пет дена откако во австриските Алпи паднал во пукнатина во спилите длабока 30 метри, спасен е планинар, соопштија во петокот локалните власти.
Спасувачите биле соочени со тешки услови на планината Дахштајн во покраината Горна Австрија во операцијата на извлекување на 45-годишен Германец од надморска височина од околу 2.000 метри.
Во остварувањето на потфатот се упатил во саботата и бидејќи до петокот не се јавил, неговиот татко ја алармирал полицијата. Неговото возило австриската полиција го открила во близина на езерото под Дахштајн и потоа започнала потрагата по исчезнатиот планинар.
Во средата настраданиот планинар успеал да фати сигнал со мобилниот телефон и да ја повика дежурната служба за спасување, но тогаш повикот се прекинал. Со помош на текстуални пораки успеале сепак да воспостават комуникација и да го лоцираат планинарот.
„Без тоа немаше да успееме да го пронајдеме“, изјавиле од горската служба за спасување.
И покрај темнината и лавина којашто се заканувала започнала потрагата и три часа потоа Германецот бил пронајден со исчашување на рамето и скршеница на стапалото. Телесната температура веќе му била падната на 34 Целзиусови степени. Во моментов е хоспитализиран и е во стабилна состојба.