Жан Моне“ не е замена за договорот на Пржино, тој останува како што е, рече известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл на прес конференција по дводневниот престој во Скопје.
„Охрабрен сум со атмосферата која можев да ја почувствувам со лидерите на политичките партии, преовладува духот на заемна соработка, почит и расположеност, а се работи во полза на земјата“, рече Вајгл.
Тој го објасни новиот институт на Европскиот парламент „Жан Моне“ кој треба да биде дијалог меѓу овој парламент и македонскиот парламент. Средбата треба да се одржи последната недела од јануари во куќат ана Жан Моне кај Париз без присуство на медиуми.
Таму како што е планирано треба да присуствува еден координатор, еден пратеник и еден член на службата од секоја партија во Парламентот.