
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот на средбата на азиско-пацифичките земји во виетнамски Дананг упати силна порака за трговијата, порачувајќи дека САД повеќе не можат да ги толерираат трговските злоупотреби и оти ќе инсистираат на чесни и рамноправни трговскки политики,.
САД се подготвени да склучат билатерален трговски договор со секоја земја во индонезиско-пацифичкото подрачје, но исклучуво на основа на „меѓусбеното почитување и двострана полза“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
„Кога САД влегуваат во трговски односи со други земји или нарди, до сега па натаму ќе очекуваме нашите партнери верно да се придржуваат на правилата. Очекуваме дека пазарите ќе бидат отворени во еднаков обем на двете страни и дека приватните вложувачи, а не државнтие планери, ќе ги насочуваат инвестициите“, истакна Трамп во говорот пред почетокот на самтот на челниците на Азиско-пацификчката екононска соработка (APEC) во виетнамскиот град Дананг
Трамп во Виетнам допатува во петокот од Кина на четвртата етапа од неговата дванеасетдневна турнеја по Азија. Промената на трговската рамнотежа меѓу Азија и САД е во центарот на неговата политика „Америка во прв ред“ за којашто тврди дека ќе ги заштити американските работници. Иако Кина има далеку најголем трговски вишок во размената со САД, Виетнам, исто така, е на листата земји кои бележат трговски вишок, а кој администрацијата на Трамп настојува да го намали.
Форумот APEC, кој е поборник на слободната трговија, е тешко погоден со промените коишто ги прави администрацијата на Трамп. Откако на самиот почеток на неговиот мандат ги повлече САД од Транспацифичкот партнерство (TPP) другите единаесет членки тешко се обидуваат да го одржат.Напуштајќи ја политиката на „азиската оска“ на својот претходник Барак Обама, претседателот Трамп ги загрижи некои од традиционалните американски сојузници во регионот дека на Кина ќе ѝ овозможи ширење на и онака нејзината голема доминација.
Трамп, исто така, во Дананг не пропушти да ја спомене Северна Кореја, осудувајќи ги „фантазиите на диктаторот од Пјонгјанг“, и порача дека Азија не може биде заложник на севернокорејскиот режим.
„Иднината на овој регион и неговите прекрасни луѓе не може да биде заложник на фантазиите на насилното освојување на еден диктатор и уцените со нуклеарно оружје“, порача Трамп.
Во четвртокот од својот кинески колега Кси Џинпинг побара „брзо“ да реагира по прашањето на Северна Кореја. Кина, како што рече Трамп, којашто е главен трговски партнер на Северна Кореја, може овој проблем да го реши „лесно и брзо“.