Гостиварска тинејџерка уценувана со објавување фотографии на интернет

Маж ѝ се заканувал на 18-годишна гостиварчанка деке ќе објави фотографии на социјалните мрежи барајќи од неа 400 евра.

Осумнаесетгодишна девојка од гостиварското село Добри Дол, вчера во полициската станица Гостивар пријавила лице од Тетово дека ја уценувал.

Од СВР Тетово информираат дека девојката подолг период се соочувала со заканите и уцените на двесетгодишен тетовец, кој преку пораки и телефонски повици од неа барал 400 евра, во спротивно ќе објавел нејзини фотографии. Фотографиите со кои девојката била уценувана наводно биле преземени од нејзина сметка на социјалните мрежи. Според девојката, тетовецот инсистирал да се видат и вршел притисок.

По пријавувањето, од полицијата велат го открила идентитетот на уценувачот и најавува дека ќе биде повикан на разговор.

Годинава на подрачјето кое го покрива СВР Тетово, регистрирани се педесетина случаи на злоупотреба на лични податоци, фотографии, видео клипови и измами преку социјални мрежи. Од тие причини, од СВР Тетово, апелираат до корисниците на социјални мрежи и особено помладите да бидат претпазливи со размената на лични податоци, фотографии и документи.