И Лавров и Тилерсон разговараа за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во виетнамски Дананг разговараа за ситуацијата во Сирија и за решавање на конфликтот во земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи, откако претходно во заедничката изјава што ја обајави Кремљ за средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп на маргините од самитот APEC беше истакнато дека ќе се продолжи заедничката борба до целосно уништување на џихадистичката терористичка организација Исламска држава.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се состанаа на маргините од самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Дананг, се наведува во соопштението.

Двете официјални лица разговараа за сириската криза и заедничко дејствување со цел да се реши кризата, се вели во соопштението.

За Сирија претходно во саботата на маргините на самитот, накратко разговараа и претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп и ја потврдија заедничката изјава за земјата.

Во соопштението се вели дека претседателите ја потврдиле решителноста во борбата против Исламската држава со цел конечно да се издејствува победа над неа, како и да се почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија.