Повеќе кафанџии и сопственици на угостителски објекти се пожалија дека полицијата дополнета со новоформираната агенција за обезбедување „Омерта“ која важи за блиска до братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев влегувале во угостителски објекти, целосно политички субјективно, заплашувајќи ги персоналот и газдите на угостителските објекти, пишува во неделата порталот Денешен.мк.
Сведоци велат дека парадерски, засилени со припадници на ЕБР со „калашњикови“ каубојски влегувале во угостителските објекти, како да бараат најбарани криминалци, а вечерта се завршила со нотирани ситни престапи. Од видеото кое го објави МВР може да се забележат специјална полиција целосно вооружена, и вобичаени незадоволни гости како ги напуштаат локалите.
Газдите на угостителските објекти велат вакво шерифско однесување досега не е видено. Да ни побараа сетоа тоа што го бараа и со еден претставик на службите ние ќе им го обезбедиме. Ние не сме криминалци да доаѓаат со специјална полиција.
Инаку многу можно е ваквиот упад да биде чистење на терен за партиската агенција за обезбедување „Омерта“, вели порталот.
Симптоматично е што веднаш откако огромниот број на полициски службеници и УЈП го исчистија теренот можело да се забележи присуство на униформирани припадници на компанијата за обезбедување ,,Омерта’’. Имено познато во јавноста е дека компанијата ,,Омерта’’ е блиска до Вице Заев брат на премиерот и е во спрега со власта. Пораката од вчерашните случувања за граѓаните и сопствениците на ноќни клубови е јасна или твојот локал ќе го обезбедува братот на премиерот или ќе плаќаш огромни казни и ќе бидеш мета на тортура. Рекетарството во Македонија повеќе не го вршат криминалци туку самата држава, вели дологодишен сопственик на ноќен локал.
Инаку еден од сопствениците на Омерта е и лицето Р.Т кој е вмешан во убиството Мартин Јанушев, и истото е во бегство. Досега МВР се однесува максимално килаво во расветлувањето на овој случај и според многумина МВР се однесува заштичнички бидејќи дозволи бегство на осомничените и нема распишано ниту потерница, заклучува Денешен.