Почина малиот Антонио, не успеа да ја победи леукемијата

Тригодишниот Антонио Мавров од Добрејци ја загуби битката со болеста.Малиот Антонио од Струмица за кој се солидаризираше цела Македонија, не успеа да ја победи леукемијата.

Како што објави струмичкиот портал Струмица денес, Антонио починал утрово.

Тој боледуваше од лимфоидна леукемија, но силните болки не ги издржа неговото мало срце.

Во изминатиот период многу граѓани се вклучија во хуманитарноста за финансиска помош на неговото семејство за лекување, но и покрај напорите Антонио го загуби животот.

Нека почива во мир!