Денеска продолжува кампањата за претседателските и вонредните парламентарни избори.
Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите за пратеници на партијата и коалицијата „За подобра Македонуија“ ќе одржат митинзи во Маврово-Ростуше и во Дебар, како и средби со граѓани во Врапчиште и во Центар Жупа.
Кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, денеска е на итинг во Кавадарци и ќе има средби со граѓани во Градско, Неготино, Росоман и Демир Капија.
ДУИ е на митинг во Студеничани и на средби со граѓани во Зелениково и Сопиште, а ДПА ќе одржи централни митинзи во Сарај и во населбата Тетекс во Тетово.
Коалицијата за позитивна Македонија ќе има средба со граѓаните во општината и населбата Чашка и во населбата Црквино, а собир на граѓани ќе одржи во Домот на култура во Градско.