
Владата предводена од СДСМ докажа дена е неспособна и оти нема никаков план за економијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фијаското во економијата е потврдено и од Светската банка. Тие прогнозираа најбавен и најнизок раст од сите економии во регионот со само 1.5 отсто. Заев на конститутивната седница во Собранието пред 6 месеци најави раст од 5 отсто секоја година и како што фактите говорат вети и излажа. Реалниот раст од 1,5 отсто кој е под знак прашање дали ќе се оствари е далеку помалку од сега недостижните 5 отсто раст на економијата кој лажно ги ветуваше Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот по презентацијата на извештајот на Светската банка.
Се дедава дека слабиот економски раст е резултат на недостигот од капитални развојни проекти, како и стопирање на постојните капитални проекти, падот на градежништвото, како и стагнацијата во привлекување на странски директни инвестиции.
„Наместо продолжување на концептот на добра бизнис клима и ниски даноци владата на СДС ги зголемува даноците, ја зголеми акцизата за нафта со кој на семејствата им одзема по една просечна плата, најавува зголемување на персоналниот данок, а ги заборави ветувањата за просечна плата од 500 евра, 1.500 евра плата за докторите, и поддршка на бизнисот“, се заклучува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.