
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево во 17.50 часот се случи на магистралниот пат А3 Кочани – Штип, кај село Облешево.
Во сообраќајната несреќа учествувале автобус и патничко возило.
Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кочани.
Сообраќајот на магистралниот пат А3 Кочани – Штип кај село Облешево се пренасочува.