
Повеќе од 200 лица за коишто постојат сомневање дека се припадници на салвадорската банда позната како MS-13 се уапсени во голема полициска акција во САД, соопштија американските власти.
Повеќе од половината од 214-те уапсени се товарат за кршење на имиграцискиот закон, а 93 лица за убиство, разбојништво, криумчарење дроги и изнудувања. Повеќето осомничени, 135 се од Салвадор, 29 се од Хондурас, 17 од Мексико и 12 од Гватемала. Во акцијата којашто ја водела службата за доселеници (ICE) и којашто траеле еден месец, приведените се во соработка со салвадорската полиција којашто во септември уапси 53 лица под сомневање дека се членови на МS-13.
Кратенката MS-13 всушност значи Mara Salvatrucha (Саладорска банда), којашто е една од најсилните во земјата. Формирана е во 1980-те години првично поради заштита на салвадориските доселеници од ривалските банди во Лос Анџелес, а потоа прераснала во прекугранична криминална организација.
„Со повеќе од 10.000 членови во 40 земји, MS-13 е една во моментов најопасните криминални организации во САД“, истакнува американскиот министер за правда Џеф Сешнс во соопштението по повод операцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе се пресмета со криминалните банди, особено со МS-13 и борбата со овој вид криминал го оправдува неговото настојување за градење на ѕидот на границата со Мексико.
Трамп во јули го посети гратчето Брентвуд, на поширокото подрачје на Њујорк, каде што во септември минатата 2016 година две девојки на улица беа до смрт претепани со бејзбол палка. Нивните парчосани тела беа пронајдени неколку месеци подоцна.