
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес постави нови директори на јавните претпријатија ЈСП „Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“.
На ЈСП „Скопје“ нов директор е Кристијан Чушков, на ЈП„Водовод и канализација“ Душко Весковски, а на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ, пишува СДК.
Ова е прва промена на директорските места во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје. Во наредниот период ќе има промени и во останатите јавни претпријатија и културни институции.