
Под закана од нож тројца тинејџери синоќа се ограбени во близина на трговскиот центар Алумина во Скопје, информира полицијата.
Инцидентот, според информации од полицијата, се случил околу 19 часот на булеварот Партизански одреди кога две непознати лица заканувајќи им со нож на тројцата малолетници на возраст од 15 и 16 години им одзеле 1.500 денари.
СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на кривичното дело.