Репортери од N1 од Хаг пренесуваат дека час и половина пред изрекувањето на пресудата на воениот командант Ратко Младиќ дошло до инцидент пред судницата.
Имено, како што пренесува порталот N1, неименуван маж пред судницата се појавил со знаме на Србија каде веќе стоеле бројни членови на здружението од Босна и Херцеговина кои дошле за да го следат изрекувањето на пресудата.
Веднаш реагирала Бакира Хасечиќ, претседателка на Здружението „Жена-жртва на војната“, која се обиделе да му го одземе знамето.
Интервенирала и полицијата која на крај успеала да ја смири ситуацијата.
За потсетување, за денес во 10 часот е закажано читањето на првостепената пресуда за Ратко Младиќ.
Видеото може да го погледнете ТУКА.