Електро-монтерски екипи на фирмата одговорна за одржување на уличното осветлување во Кавадарци, во соработка со машино-браварски тим, работат на обновување на целосно уништените и оштетените канделабри.
„Станува збор за повеќе светилки лоцирани во паркот во село Ваташа, во дворот на клонот од градинката „Ваташка“, на светилките во малото паркче кај улицата „Солунска глава“. Се обновуваат и канделабрите во паркот „Полана“, како и во „Паркот на револуцијата” спроти полициската станица. Цел на репарација се и украсните светилки на улицата „Илинденска“ во делот на БИД зоната, како и оние на градскиот плоштад, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.
По завршувањето на оваа акција, Општината ќе пристапи кон обновување и на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ каде несовесни граѓани имаат направено големи оштетувања и на канделабрите и на подземните електро-инсталации.