
Во последниот натпревар од 14-то коло на италијанското фудбалско првенство Аталанта на својот терен со совлада Беневенто со минимални 1:0 (0:0).
Голот кој на домашниот тим му ги донесе трите бода го постигна Кристанте во 75 минута.
Со оваа победа Аталанта се искачи на 10-то место на табелата од Серија А, додека Беневенто останува закован на дното без ниеден освоен бод, со само шест постигнати и 34 примени голови.
На врвот е Наполи со 38 бодови, вториот Интер има 36, а третиот Јувентус 34 бодови.