Судот досега одреди притвор за седум лица

Кривичниот суд им определи притвор и на Митко Чавков, поранешен директор на БЈБ како и на Оливер Радулов.

Покрај нив, притвор добил и Мунир Пепеиќ, а претходно, иста мерка на претпазливост беше донесена и за Игор Дурловски.  Покрај нив, одредена е и мерка  куќен притвор за уште 2 лица.
Според информацијата која претходно беше објавена во Собранието пристигнале барања за одземање на имунитетот на 6 пратеници.

Според нашите информации, Чавков се сомничи дека како шеф на координативниот штаб на МВР за следење на протестите на 27-ми април според Обвинителството не дејствувал согласно законот и овозможил да дојде до насилство.

Тој и Дурловски веќе се спроведени во Истражниот затвор во Шутка. Останатите притворени се лица кои работеле во полицијата и други државни органи, додека куќен притвор добиле двајца собраниски службеници.

Неофицијално, притвор има и за повеќе од 10 лица но решенијата не се изготвени.

Распитот ќе продолжи до доцна во ноќта а судот деталите ќе ги соопшти утре изутрина. Таму искази даваат 24 лица а 12 сѐ уште не се приведени.