
Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне свечено ќе отвори книжарница на МАНУ и воедно ќе биде промовирана нова интернет-страница на Академијата.
На настанот ќе биде претставено електронско издание „Раѓањето, создавањето и развитокот на МАНУ во/низ документи“ со обраќање на академик Георги Старделов, кој е редактор на е-изданието.
Најавено е обраќање на претседателот на МАНУ академик Таки Фити.