Предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Антони Конте веќе го состави списокот со фудбалери кои сигурно ќе си заминат од Торино на стартот од летниот преоден рок.
Излезната врата од „Јувентус Арена” сигурно ќе им биде покажана за Себастијан Џовинко, Фабио Кваљарела, Мирко Вучиниќ, Фредерико Пелусо и Симоне Падоин.
Најголема заработувачка, раководните лица на Јувентус очекуваат од продажбата на црногорскиот интернационалец Мирко Вучиниќ кој подолг временски период важи за голема желба на Интер, Арсенал и Борусија од Дортмунд, а победник во оваа трка ќе биде клубот кој ќе испрати официјална понуда не помала од 10 мил. евра.
Понудна но не помала од 8 милиони евра, челниците на Јувентус очекуваат и за услугите на брзоногиот напаѓач Себастијан Џовинко, а Фабио Кваљарела е проценет на 6 милиони евра.