Хрватскиот генерал Праљак испи отров додека му ја читаа пресудата во Хаг? (ВИДЕО)

Во текот на изрекување на пресудата врз Слободан Праљак, при што му e изречена казна 20 години затвор, тој испил отров. Хашкиот трибунал го потврди постоењето на здружено хрватско злосторничко дејствување, со цел етничко чистење на делови во Босна и Херцеговина.

Судењето веднаш било прекинато, а била побарана и помош од доктор.

-Слободан Праљак не е воен злосторник. Ја отфрлам вашата пресуда – рекол Праљак, пред да ја подигне малата чашка и да го испие отровот.

Во видеото погледнете го моментот кога се случува инциденото во судницата:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=29&v=8YHlMAJ8WNI