
Сите што учествувале во настаните на 27 април да одговараат за своите постапки, но во исто време очекуваме да се почитува и пресумпцијата на невиност, порача амбасадорот на Соединетите американски држави Џес Бејли по средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапуваат транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но во процесот, исто така, мора да се почитува презумпцијата на невиност. И денеска во Парламентот ќе има важна дискусија. Тоа е улогата на Парламентот, да дискутира. Тоа е дел од демократското владеење – рече амбасадорот Бејли.