ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира комисијата за имунитетот на пратениците

Почна расправата на комисијата за мандатно имунитетни прашања во Собранието на која се разгледува барањето за одземањето на имунитетот на пратениците осомничени за крвавиот четврток.

Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на расправата.

Во неа членуваат и Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски и двајцата обвинети за настаните на 27 април.

На седницата присуствуваат мнозинството членови, со што таа може полноправно да одлучува.

Рокот за одлучување од 48 часа истекува вечерва, а потоа во рок од три дена треба да се закаже и пленарна седница на која за одземање на имунитетот на пратеник е потребно просто мнозинство односно 61 глас.