Јанкуловска: Младите ќе патуваат бесплатно со воз

Гордана Јанкуловска, носителот на изборната единица 2, денска ја посети кумановската фабрика за чевли „Филип Фрос“. Таа се сретна со вработените и менаџментот на фабриката при што истакна дека Владата изминатите години континуирано спроведува мерки и проекти со цел да ја зголемиме поддршката на домашните компании.

На средбата со младите кумановчани, Јанкуловска истакна дека тие се  движечката сила и промотор на новите вредности на општеството и државата.

„Во следниот период ќе изградиме 69 нови и ќе реконструираме 2 постоечки спортски сали. Ќе воведеме бесплатен викенд (петок,сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на младите лица во железничкиот сообраќај во земјава. Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот.