Орбан ги ангажирал тајните служби за справување со Сорос

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе ги искористи сите средства со кои располага, вклучително и тајните служби, да се бори против настојувањата на американскиот милијардер и берзански шпекулант со унгарско еврејско потекло, Џорџ Сорос, да го загрози.

Претходно во петокот на видео снимка Џорџ Соррос изјави дека Унгарија со Виктор Орбан е под поголема репресија отколку во текот на советската власт во периодот на Студената војна, пренесе Reuters.

„Тој не може да дојде до мене, но ги употребува и искористува луѓето во унгарската опозиција“, изјави Сорос.

Во 1980-те години Орбан и Сорас беа сојузници во уривањето на комунизмот, но подоцна тргнаа во различни правци. Сорос го опишува Орбан како „опасен автократ“, додека унгарскиот премиер тврди дека Сорос со финансирањето на опозициските групации се меша во унгарската внатрешна политика.

Орбан наведе во петокот дека му е должност да ги искористи сите можни алатки на државата за да се псправи со притисокот од Сорос, вклучителни и разизнавачктие служби.

„Поради тоа нарачавме разузнавачки извештај за начинот на работење, како и за унгарското и европското влијание на оваа машинерија на Сорос“, изјави Орбан за јавното радио.

Додаде дека унгарските разузнавачки служби седмицава го завршиле извештајот, но не ги откри нивните заклучоци. Владејачката партија Fides се подготвува за парламентарните избори во април идната година, а Орбан, кој е голем фаворит за третиот мандат, очекува дека Сорос ќе соработува со неговите политички противници.

Клучниот судир од последниот период меѓу Орбан и Сорос се однесува на прашањето на имигрантите коишто унгарскиот премиер го одбива како егзистенцијална закана за Европа, додека Сорос ги помага имигрантите, го финансира нивното згрижување и обуки на континентот, и ја поддржува таканаречената контролираната имиграција.